рејтинг

Именка, машки род

Значење на рејтинг:

1. Вредност врз основа на постигнат успех; системски поставена позиција како резултат на јавно мислење преку оценување на личност, организација, здружение, дејност и сл. Рејтинзите на партиите се менуваат постојано. Личност со многу висок рејтинг. Добар рејтинг.

2. Прв дел од сложенки со кои се прикажува некаква вредност врз основа на покажан успех или на испитано јавно мислење. Рејтинг-листа. Рејтинг-позиција. Рејтинг-бодови. Рејтинг-скала.

Множина: рејтинзи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му паѓа рејтингот ‒ изгуби од важност, од популарност. Му се крева рејтингот‒ стане интересен, важен.

Оригинални податоци:

рејтинг, мн. рејтинзи м. 1. Вредност врз основа на постигнат успех; системски поставена позиција како резултат на јавно мислење преку оценување на личност, организација, здружение, дејност и сл. Рејтинзите на партиите се менуваат постојано. Личност со многу висок рејтинг. Добар рејтинг. 2. Прв дел од сложенки со кои се прикажува некаква вредност врз основа на покажан успех или на испитано јавно мислење. Рејтинг-листа. Рејтинг-позиција. Рејтинг-бодови. Рејтинг-скала. ◊ Му паѓа рејтингот ‒ изгуби од важност, од популарност. Му се крева рејтингот‒ стане интересен, важен.