рекет 1

Именка, машки род

Значење на рекет:

1. (спорт.) а) Во тенисот ‒ лопатка преплетена со мрежа и со долга рачка, тениски реквизит. Тој го купи најскапиот рекет. б) Во кошарката ‒ означен простор под кошот во кошаркарското игралиште каде што не смее да се задржи противникот повеќе од 3 секунди. Остана во рекетот подолго од дозволеното.

2. (прен.) Прв тенисер/тенисерка на тениската листа. Прв рекет во светот.

Множина: рекети.

Оригинални податоци:

рекет1, мн. рекети м. 1. (спорт.) а) Во тенисот ‒ лопатка преплетена со мрежа и со долга рачка, тениски реквизит. Тој го купи најскапиот рекет. б) Во кошарката ‒ означен простор под кошот во кошаркарското игралиште каде што не смее да се задржи противникот повеќе од 3 секунди. Остана во рекетот подолго од дозволеното. 2. (прен.) Прв тенисер/тенисерка на тениската листа. Прв рекет во светот.