реклама

Именка, женски род

Значење на реклама:

1. Економски насочена смислена и организирана информација, пропагандна порака упатена преку средствата за јавно информирање, за претставување определени стоки и услуги со цел да се овозможи подобра продажба или да предизвика интерес кај поширок круг можни купувачи; економска пропаганда. Добра реклама. Реклама на нашите производи. Реклама за козметички производи.

2. Оглас, плаката, спот и сл. Светлечка реклама. Телевизиска реклама. Реклами на радио. Реклама во весник.

3. (прен.) Препорака, ширење податоци и јавно истакнување за да се добие популарност. Со своето ексцентрично однесување прави реклама за себе.

Множина: реклами.

Оригинални податоци:

реклама, мн. реклами ж. 1. Економски насочена смислена и организирана информација, пропагандна порака упатена преку средствата за јавно информирање, за претставување определени стоки и услуги со цел да се овозможи подобра продажба или да предизвика интерес кај поширок круг можни купувачи; економска пропаганда. Добра реклама. Реклама на нашите производи. Реклама за козметички производи. 2. Оглас, плаката, спот и сл. Светлечка реклама. Телевизиска реклама. Реклами на радио. Реклама во весник. 3. (прен.) Препорака, ширење податоци и јавно истакнување за да се добие популарност. Со своето ексцентрично однесување прави реклама за себе.