рекламација

Именка, женски род

Значење на рекламација:

1. Жалба, поплака, приговор за квалитетот или за квантитетот на нешто, усна или писмена пријава, забелешка за квалитетот на некоја стока или на некоја услуга. Рекламацијата не се прима по изнесувањето на стоката од објектот.

2. Во трговијата ‒ барање надоместок на штета поради лош квалитет на стоките или поради ненавремена испорака. Треба да се исплати рекламација или да се даде нов производ.

Множина: рекламации.

Изведени зборови:

  • рекламациски, прид. рекламацискиот--рекламационен, рекламациониот Рекламационо барање. Рекламациски период.

Оригинални податоци:

рекламација, мн. рекламации ж. 1. Жалба, поплака, приговор за квалитетот или за квантитетот на нешто, усна или писмена пријава, забелешка за квалитетот на некоја стока или на некоја услуга. Рекламацијата не се прима по изнесувањето на стоката од објектот. 2. Во трговијата ‒ барање надоместок на штета поради лош квалитет на стоките или поради ненавремена испорака. Треба да се исплати рекламација или да се даде нов производ. ‖ рекламациски, рекламацискиот/рекламационен, рекламациониот прид. Рекламационо барање. Рекламациски период.