реконструира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на реконструира:

1. Изврши, врши поправки, реконструкција; обнови, обновува, повторно изгради онака како што било. Најдобриот македонски архитект ја реконструира железничката станица. Ова лето реконструираа неколку стари куќи во центарот на градот. За две недели го реконструираа мостот.

2. Преустрои нечиј состав. Премиерот ја реконструира владата. Министерството го реконструира управниот одбор.

3. Установи нешто по зачувани останки, описи. Полицијата го реконструираше настанот.

Коњугација: реконструираат , реконструирајќи.

Изведени зборови:

  • реконструирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

реконструира, реконструираат; реконструирајќи св. и несв. 1. Изврши, врши поправки, реконструкција; обнови, обновува, повторно изгради онака како што било. Најдобриот македонски архитект ја реконструира железничката станица. Ова лето реконструираа неколку стари куќи во центарот на градот. За две недели го реконструираа мостот. 2. Преустрои нечиј состав. Премиерот ја реконструира владата. Министерството го реконструира управниот одбор. 3. Установи нешто по зачувани останки, описи. Полицијата го реконструираше настанот. ‖ глаг. им. реконструирање ср.