реконструкција

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на реконструкција:

1. Повторна изградба, преобновување на нешто и враќање во слична или во иста форма, обнова на постојна конструкција на објект и сл. Реконструкција на стариот театар. Реконструкција на куќата.

2. Измена, преустројување на некој состав (раководно тело и сл.) или на некој негов дел. Реконструкција на владата.. Реконструкција на некои министерства.

3. а) Постапка што судските власти ја водат на местото каде што се извршило некое дејство заедно со обвинетиот и со други лица вклучени во предметот, создавајќи претстава за вистинскиот тек на настаните. Реконструкција на убиството. Реконструкција на настанот. Реконструкција на вечерта. б) Опис според сочувани документи, други показатели или според кажувања. Реконструкција на животот на поетот. Реконструкција на јазикот што се зборувал на ова подрачје пред десет века.

Изведени зборови:

  • реконструкциски, прид. реконструкцискиот

Оригинални податоци:

реконструкција (само едн.) ж. 1. Повторна изградба, преобновување на нешто и враќање во слична или во иста форма, обнова на постојна конструкција на објект и сл. Реконструкција на стариот театар. Реконструкција на куќата. 2. Измена, преустројување на некој состав (раководно тело и сл.) или на некој негов дел. Реконструкција на владата.. Реконструкција на некои министерства. 3. а) Постапка што судските власти ја водат на местото каде што се извршило некое дејство заедно со обвинетиот и со други лица вклучени во предметот, создавајќи претстава за вистинскиот тек на настаните. Реконструкција на убиството. Реконструкција на настанот. Реконструкција на вечерта. б) Опис според сочувани документи, други показатели или според кажувања. Реконструкција на животот на поетот. Реконструкција на јазикот што се зборувал на ова подрачје пред десет века. ‖ реконструкциски, реконструкцискиот прид.