рекорд

Именка, машки род

Значење на рекорд:

1. (спорт.) Врвен резултат, најдобро постигнување на локално ниво, во светски рамки или за определен настан, генерација, одделен спорт и сл. Постигна светски рекорд на 100 м. Тој го собори државниот рекорд во фрлање диск за пионери. Ова е нов олимписки и светски рекорд.

2. Највисок, најголем успех во некоја област или во некоја дејност. Ова е рекорд во производството. Рекорд во приносот на млеко.

3. (прен., разг.) Висок степен, голема мера (количество, време, број) на нешто. Рекорд во зборување. Рекорд во јадење и во спиење. Рекорд во доцнење и во пиење ракија.

Множина: рекорди.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гинисов рекорд ‒ необични светски рекорди што влегуваат во Гинисовата книга на рекорди.

Оригинални податоци:

рекорд, мн. рекорди м. 1. (спорт.) Врвен резултат, најдобро постигнување на локално ниво, во светски рамки или за определен настан, генерација, одделен спорт и сл. Постигна светски рекорд на 100 м. Тој го собори државниот рекорд во фрлање диск за пионери. Ова е нов олимписки и светски рекорд. 2. Највисок, најголем успех во некоја област или во некоја дејност. Ова е рекорд во производството. Рекорд во приносот на млеко. 3. (прен., разг.) Висок степен, голема мера (количество, време, број) на нешто. Рекорд во зборување. Рекорд во јадење и во спиење. Рекорд во доцнење и во пиење ракија. ◊ Гинисов рекорд ‒ необични светски рекорди што влегуваат во Гинисовата книга на рекорди.