реквизиција

Именка, женски род

Значење на реквизиција:

Присилно трајно или привремено одземање имот и материјални добра од приватни лица за потребите на државната или на воената власт. Реквизиција на стоката. Реквизиција на пченицата.

Множина: реквизиции.

Изведени зборови:

  • реквизициски, прид. реквизицискиот Реквизициски план. Реквизициска комисија.

Оригинални податоци:

реквизиција, мн. реквизиции ж. Присилно трајно или привремено одземање имот и материјални добра од приватни лица за потребите на државната или на воената власт. Реквизиција на стоката. Реквизиција на пченицата. ‖ реквизициски, реквизицискиот прид. Реквизициски план. Реквизициска комисија.