реквизит

Именка, машки род

Значење на реквизит:

1. а) Предмет што се употребува при изведување театарска претстава. Тој ги собра реквизитите од сцената. б) Предмет што се употребува во спортските активности и во некои игри, вежби и сл. Спортските реквизити како што се дресовите, топките ги носат боите на клубот. Реквизити за вежбање.

2. (прав.) Формален елемент, дел во составот на некој документ, без кој тој нема правно дејство.

Множина: реквизити.

Оригинални податоци:

реквизит, мн. реквизити м. 1. а) Предмет што се употребува при изведување театарска претстава. Тој ги собра реквизитите од сцената. б) Предмет што се употребува во спортските активности и во некои игри, вежби и сл. Спортските реквизити како што се дресовите, топките ги носат боите на клубот. Реквизити за вежбање. 2. (прав.) Формален елемент, дел во составот на некој документ, без кој тој нема правно дејство.