релација

Именка, женски род

Значење на релација:

1. Однос меѓу поими, предмети, лица, појави и врската што се создава меѓу нив. Сега имаме добра релација. Создаде добра релација со родителите. Релацијата на снаата со свекрвата се влоши. Филозофски релации на духот.

2. Просторно или временско растојание меѓу две места, две временски точки, етапа од пат. Постојано е на релација Скопје ‒ Прилеп.

3. (воен.) Писмено известување, опис на воени дејства (подвизи и сл.).

4. (муз.) Растојание, интервал.

Множина: релации.

Оригинални податоци:

релација, мн. релации ж. 1. Однос меѓу поими, предмети, лица, појави и врската што се создава меѓу нив. Сега имаме добра релација. Создаде добра релација со родителите. Релацијата на снаата со свекрвата се влоши. Филозофски релации на духот. 2. Просторно или временско растојание меѓу две места, две временски точки, етапа од пат. Постојано е на релација Скопје ‒ Прилеп. 3. (воен.) Писмено известување, опис на воени дејства (подвизи и сл.). 4. (муз.) Растојание, интервал.