релаксатор

Именка, машки род

Значење на релаксатор:

1. (техн.) Апарат што вибрира и овозможува опуштање на мускулите. Релаксаторот се користи секојдневно по десет минути.

2. Таблети и различни природни и хемиски средства што овозможуваат опуштање и смирување на нервите. Таа зема скапи релаксатори.

Множина: релаксатори.

Изведени зборови:

  • релаксаторски, прид. релаксаторскиот Релаксаторски третмани во салоните за убавина.

Оригинални податоци:

релаксатор, мн. релаксатори м. 1. (техн.) Апарат што вибрира и овозможува опуштање на мускулите. Релаксаторот се користи секојдневно по десет минути. 2. Таблети и различни природни и хемиски средства што овозможуваат опуштање и смирување на нервите. Таа зема скапи релаксатори. ‖ релаксаторски, релаксаторскиот прид. Релаксаторски третмани во салоните за убавина.