релативизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на релативизам:

1. (филоз.) а) Гледиште во теоријата на спознанието според кое секое спознание е релативно зашто е обусловено и зависно од односот и од становиштето на субјектот спрема објектот на спознанието. б) Во етиката ‒ ставови според кои доброто и злото се релативни поими, па оттаму моралните вредности се од релативен (променлив карактер).

2. (разг.) Мислење според кое сè е релативно, непостојано, менливо.

Членувана форма: релативизмот.

Оригинални податоци:

релативизам, релативизмот (само едн.) м. 1. (филоз.) а) Гледиште во теоријата на спознанието според кое секое спознание е релативно зашто е обусловено и зависно од односот и од становиштето на субјектот спрема објектот на спознанието. б) Во етиката ‒ ставови според кои доброто и злото се релативни поими, па оттаму моралните вредности се од релативен (променлив карактер). 2. (разг.) Мислење според кое сè е релативно, непостојано, менливо.