релеј

Именка, машки род

Значење на релеј:

1. (елек.) Автоматски уред што ги извршува приклучоците и прекините во електричните водови. Електромагнетен релеј. Херметички затворени релеи.

2. Телекомуникациски предавател што овозможува емисија, емитување на радио‒телевизиска програма. Електропреносниот систем е од неколку релеи за трансмисија на телевизиска програма.

Множина: релеи.

Изведени зборови:

  • релејски, прид. релејскиот Релејски пунктови.

Оригинални податоци:

релеј, мн. релеи м. 1. (елек.) Автоматски уред што ги извршува приклучоците и прекините во електричните водови. Електромагнетен релеј. Херметички затворени релеи. 2. Телекомуникациски предавател што овозможува емисија, емитување на радио‒телевизиска програма. Електропреносниот систем е од неколку релеи за трансмисија на телевизиска програма. ‖ релејски, релејскиот прид. Релејски пунктови.