ремен

Именка, машки род

Значење на ремен:

1. Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото. Кожен ремен. Убав ремен. Црн ремен на сиви панталони. Ремен со златна тока.

2. а) Дел од механиката на автомобил или машини за пренос на сила и вртење од една оска на друга. Обичен ремен. Забест ремен. Плоскат ремен. б) Сигурносен појас при возење во автомобил, авион и др. Сигурносниот ремен е задолжителен.

Множина: ремени, ремење.

Изведени зборови:

  • ременче, и. ср. мн. ременчиња ; ремче, мн. ремчиња дем. од ремен 1.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стегни го ременот ‒ препорака да штеди, да не троши. Пушти го ременот ‒ да троши, да си дозволи комоција. Што ти треба ремен од мечка ‒ да внимава, да си седи мирно. Ќе игра ременот ‒ закана, ќе добие ќотек.

Оригинални податоци:

ремен, мн. ремени, збир. мн. ремење м. 1. Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото. Кожен ремен. Убав ремен. Црн ремен на сиви панталони. Ремен со златна тока. 2. а) Дел од механиката на автомобил или машини за пренос на сила и вртење од една оска на друга. Обичен ремен. Забест ремен. Плоскат ремен. б) Сигурносен појас при возење во автомобил, авион и др. Сигурносниот ремен е задолжителен. ◊ Стегни го ременот ‒ препорака да штеди, да не троши. Пушти го ременот ‒ да троши, да си дозволи комоција. Што ти треба ремен од мечка ‒ да внимава, да си седи мирно. Ќе игра ременот ‒ закана, ќе добие ќотек. ‖ ременче, мн. ременчиња ср.; ремче, мн. ремчиња ср. дем. од ремен 1.