ренесанса

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на ренесанса:

1. (истор.) Епоха во средината на XIV до почетоците на XVI век, првенствено во Италија, обележана како општо преобразување и преродба во сите сфери, голема преродба на европската култура, наука и уметност по инспирација и по углед на античкото културно наследство. Европска ренесанса. Во времето на ренесансата се создадоа врвни дела од сите области.

2. Стил во определени области (архитектура, литература, музика, уметност, наука и сл.) што се карактеризира со слободен пристап и начин на изразување надвор од феудалните и од црковните норми. Градба во стилот на ренесансата. Тој е најистакнат претставник на ренесансата.

3. (прен.) Повторен процут, ослободување од некаков притисок или норма; препород. Тој доживеа ренесанса во својот живот откако ја сретна неа.

Оригинални податоци:

ренесанса (само едн.) ж. 1. (истор.) Епоха во средината на XIV до почетоците на XVI век, првенствено во Италија, обележана како општо преобразување и преродба во сите сфери, голема преродба на европската култура, наука и уметност по инспирација и по углед на античкото културно наследство. Европска ренесанса. Во времето на ренесансата се создадоа врвни дела од сите области. 2. Стил во определени области (архитектура, литература, музика, уметност, наука и сл.) што се карактеризира со слободен пристап и начин на изразување надвор од феудалните и од црковните норми. Градба во стилот на ренесансата. Тој е најистакнат претставник на ренесансата. 3. (прен.) Повторен процут, ослободување од некаков притисок или норма; препород. Тој доживеа ренесанса во својот живот откако ја сретна неа.