репарација

Именка, женски род

Значење на репарација:

1. Воена отштета, надомест за нанесена штета во војна што ѝ ја исплаќа победената на победничката страна. Германија плаќаше репарација по Првата светска војна.

2. Извинување, задоволување за направена (изречена) навреда. Репарација за лажните написи.

3. Поправање, доведување во исправна состојба, закрепнување. Репарација на уништеното ткиво. Репарација на дел од музејот.

Множина: репарации.

Изведени зборови:

  • репарациски, прид. репарацискиот Репарациски договори.

Оригинални податоци:

репарација, мн. репарации ж. 1. Воена отштета, надомест за нанесена штета во војна што ѝ ја исплаќа победената на победничката страна. Германија плаќаше репарација по Првата светска војна. 2. Извинување, задоволување за направена (изречена) навреда. Репарација за лажните написи. 3. Поправање, доведување во исправна состојба, закрепнување. Репарација на уништеното ткиво. Репарација на дел од музејот. ‖ репарациски, репарацискиот прид. Репарациски договори.