репертоар

Именка, машки род

Значење на репертоар:

1. План и распоред (драмски, музички, балетски и др.) што се изведуваат во определен временски период (сезона). Репертоар на скопските киносали.

2. Целокупна програма што ја изведува еден уметник (актер, музичар, пејач). Таа испеа дел од постојаниот репертоар. Тој рецитираше неколку песни од својот репертоар.

3. (прен.) Посебни пројави, постапки, вештини и сл. што се карактеристични за некого или за нешто. Репертоар од авторски теми.. Репертоар на стилски изразни средства. Репертоар од гестови. Богат репертоар на песни.

Множина: репертоари.

Изведени зборови:

  • репертоарски, прид. репертоарскиот Репертоарска политика.

Оригинални податоци:

репертоар, мн. репертоари м. 1. План и распоред (драмски, музички, балетски и др.) што се изведуваат во определен временски период (сезона). Репертоар на скопските киносали. 2. Целокупна програма што ја изведува еден уметник (актер, музичар, пејач). Таа испеа дел од постојаниот репертоар. Тој рецитираше неколку песни од својот репертоар. 3. (прен.) Посебни пројави, постапки, вештини и сл. што се карактеристични за некого или за нешто. Репертоар од авторски теми.. Репертоар на стилски изразни средства. Репертоар од гестови. Богат репертоар на песни. ‖ репертоарски, репертоарскиот прид. Репертоарска политика.