репетира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на репетира:

1. Подготви, подготвува со повторување, со вежби јавен настап; изврши, врши репетиција. Тој неколку пати го репетираше утрешниот говор.

2. Повтори, повторува материјал, учи со повторување или подучува некого со повторување за да се усвои знаење. Пред испит само го репетира материјалот. Наставникот ја репетираше лекцијата двапати.

3. Подготви, подготвува огнено оружје со движење што овозможува уфрлање на куршумот во лежиштето. Тој го репетираше пиштолот. Војниците ги репетираа пушките.

Коњугација: репетираат , репетирајќи.

Изведени зборови:

  • репетирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

репетира, репетираат; репетирајќи св. и несв. 1. Подготви, подготвува со повторување, со вежби јавен настап; изврши, врши репетиција. Тој неколку пати го репетираше утрешниот говор. 2. Повтори, повторува материјал, учи со повторување или подучува некого со повторување за да се усвои знаење. Пред испит само го репетира материјалот. Наставникот ја репетираше лекцијата двапати. 3. Подготви, подготвува огнено оружје со движење што овозможува уфрлање на куршумот во лежиштето. Тој го репетираше пиштолот. Војниците ги репетираа пушките. ‖ глаг. им. репетирање ср.