репетитор

Именка, машки род

Техника.

Значење на репетитор:

Предавател на сигнали, направа што добива и испраќа сигнали во телевизиска мрежа на определена, поширока територија. Репетиторот на Црн Врв е во дефект. Има неколку репетитори распоредени во земјава.

Множина: репетитори.

Изведени зборови:

  • репетиторски, прид. репетиторскиот Репетиторска програма.

Оригинални податоци:

репетитор, мн. репетитори м. (техн.) Предавател на сигнали, направа што добива и испраќа сигнали во телевизиска мрежа на определена, поширока територија. Репетиторот на Црн Врв е во дефект. Има неколку репетитори распоредени во земјава. ‖ репетиторски, репетиторскиот прид. Репетиторска програма.