репне

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на репне:

Удри силно некого. Тој го репна со книгата по глава. Таа го репна со камен по ногата.

Коњугација: (ќе) репнеа , (ќе) репнев , (ќе) репнел, репнаа , репнав , репнал , репнан , репнат , репнете , репни .

Изведени зборови:

  • репнување, глаг. им. ср.
  • се ~ репне, Силно се удри самиот себеси. Таа се репна по ногата од столот.
  • (се) репнува, глаг. несв. (се) репнуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Го репнаа по џебот ‒ го казнија парично, материјално го оштетија.

Оригинални податоци:

репне, репнат; репни, репнете; репнав, репнаа; репнал; репнан; (ќе) репнев, (ќе) репнеа; (ќе) репнел св. (разг.) Удри силно некого. Тој го репна со книгата по глава. Таа го репна со камен по ногата. ● се ~ Силно се удри самиот себеси. Таа се репна по ногата од столот. ◊ Го репнаа по џебот ‒ го казнија парично, материјално го оштетија. ‖ (се) репнува, (се) репнуваат несв. ‖ глаг. им. репнување ср.