репрезентација

Именка, женски род

Значење на репрезентација:

1. Претставништво, застапништво; избран состав, избраници за претставување, за прикажување. Овие модели служат за репрезентација. Репрезентација на автомобили.

2. (спорт.) Најдобри спортисти (претставници, избраници) од една спортска гранка што влегуваат во составот на државен тим за учество во меѓународни средби. Кошаркарска репрезентација. Атлетска репрезентација.

3. а) Претставување пред официјални гости, деловни партнери, пред јавноста преку соодветни постапки заради одржување на угледот. Двапати во годината фирмата подготвува репрезентација на постигнувањата. б) Средства, трошоци што се даваат како подарок или како реклама од некоја фирма, обично со ознаките на фирмата. Секоја година на соработниците им даваа репрезентација календари, пенкала и сл.

Множина: репрезентации.

Изведени зборови:

  • репрезентациски, прид. репрезентацискиот Репрезентациски примерок. Репрезентациски подготовки.

Оригинални податоци:

репрезентација, мн. репрезентации ж. 1. Претставништво, застапништво; избран состав, избраници за претставување, за прикажување. Овие модели служат за репрезентација. Репрезентација на автомобили. 2. (спорт.) Најдобри спортисти (претставници, избраници) од една спортска гранка што влегуваат во составот на државен тим за учество во меѓународни средби. Кошаркарска репрезентација. Атлетска репрезентација. 3. а) Претставување пред официјални гости, деловни партнери, пред јавноста преку соодветни постапки заради одржување на угледот. Двапати во годината фирмата подготвува репрезентација на постигнувањата. б) Средства, трошоци што се даваат како подарок или како реклама од некоја фирма, обично со ознаките на фирмата. Секоја година на соработниците им даваа репрезентација календари, пенкала и сл. ‖ репрезентациски, репрезентацискиот прид. Репрезентациски примерок. Репрезентациски подготовки.