репродукција

Именка, женски род

Значење на репродукција:

1. (екон.) Повторно производство како процес на непрекинато производство. Репродукцијата на делови за автомобили се одвива според рокот.

2. а) (муз.) Изведба на туѓо вокално или инструментално музичко дело. Репродукција на делата на Бах. б) Прераскажување, пренесување по устен или по писмен пат на некое туѓо дело. Репродукција на старите македонски приказни.

3. Предмет (слика, облека, украс и сл.) изработен според некој оригинал со сосема мали отстапки; копија. Сликата е репродукција. Ова се само добри репродукции на чанти.

4. Повторување, непрекинато размножување преку печатење. Таа купи неколку постери кои се репродукција на познати акварели. Машината прави 50 репродукции за неколку минути.

5. (биол.) Размножување, расплодување, обновување. Репродукција на живите организми.

Множина: репродукции.

Изведени зборови:

  • репродукциски, прид. репродукцискиот Репродукциски процес.

Фразеолошки израз / поговорка:

Проста репродукција ‒ (екон.) производство на исто количество производи од година на година. Проширена репродукција ‒ (екон.) производство на сè поголемо количество производи од година на година.

Оригинални податоци:

репродукција, мн. репродукции ж. 1. (екон.) Повторно производство како процес на непрекинато производство. Репродукцијата на делови за автомобили се одвива според рокот. 2. а) (муз.) Изведба на туѓо вокално или инструментално музичко дело. Репродукција на делата на Бах. б) Прераскажување, пренесување по устен или по писмен пат на некое туѓо дело. Репродукција на старите македонски приказни. 3. Предмет (слика, облека, украс и сл.) изработен според некој оригинал со сосема мали отстапки; копија. Сликата е репродукција. Ова се само добри репродукции на чанти. 4. Повторување, непрекинато размножување преку печатење. Таа купи неколку постери кои се репродукција на познати акварели. Машината прави 50 репродукции за неколку минути. 5. (биол.) Размножување, расплодување, обновување. Репродукција на живите организми. ◊ Проста репродукција ‒ (екон.) производство на исто количество производи од година на година. Проширена репродукција ‒ (екон.) производство на сè поголемо количество производи од година на година. ‖ репродукциски, репродукцискиот прид. Репродукциски процес.