реса

Именка, женски род

Значење на реса:

1. (бот.) Цут кај некои растенија. Врбова реса. Цутот на виновата лоза се собира во реси.

2. (анат.) Месеста формација во вид на ресичка во задниот дел од мекото непце; ресичка, ресица.

3. (обично мн.) Украсни нишки на ткаенини направени од различни материјали. Чаршаф со реси. Кошули украсени со многу ситни реси.

Множина: реси.

Изведени зборови:

  • ресичка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

реса, мн. реси ж. 1. (бот.) Цут кај некои растенија. Врбова реса. Цутот на виновата лоза се собира во реси. 2. (анат.) Месеста формација во вид на ресичка во задниот дел од мекото непце; ресичка, ресица. 3. (обично мн.) Украсни нишки на ткаенини направени од различни материјали. Чаршаф со реси. Кошули украсени со многу ситни реси. ‖ ресичка, мн. ресички ж. дем.