решетка

Именка, женски род

Значење на решетка:

Ограда од вкрстени или паралелно блиску поставени прачки (дрвени или метални). На прозорците има решетки. Железни решетки. Решетки на кафез.

Множина: решетки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зад решетки ‒ во затвор.

Оригинални податоци:

решетка, мн. решетки ж. Ограда од вкрстени или паралелно блиску поставени прачки (дрвени или метални). На прозорците има решетки. Железни решетки. Решетки на кафез. ◊ Зад решетки ‒ во затвор.