решето

Именка, среден род

Значење на решето:

1. Вид сад со тркалезна форма со дупчиња на дното, што служи за одвојување отпадоци од зрна од житни растенија, грав и сл. Старо решето. Дрвено решето. Дупнато решето.

2. Дел од машина за чистење и за сортирање семенски материјал. Современите машини наречени триери имаат решета од челик.

Множина: решета.

Изведени зборови:

  • решетце, и. ср. мн. решетца; решетче, мн. решетчиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го направи решето ‒ го уништи, го упропасти. Носи вода со решето ‒ работи без резултат. Мина сито и решето ‒ се здобие со различни искуства, мина многу тешкотии.

Оригинални податоци:

решето, мн. решета ср. 1. Вид сад со тркалезна форма со дупчиња на дното, што служи за одвојување отпадоци од зрна од житни растенија, грав и сл. Старо решето. Дрвено решето. Дупнато решето. 2. Дел од машина за чистење и за сортирање семенски материјал. Современите машини наречени триери имаат решета од челик. ‖ решетце, мн. решетца; решетче, мн. решетчиња ср. дем. ◊ Го направи решето ‒ го уништи, го упропасти. Носи вода со решето ‒ работи без резултат. Мина сито и решето ‒ се здобие со различни искуства, мина многу тешкотии.