реши

Глагол, свршен

Значење на реши:

1. Обмисли, донесе решение откако размисли како да постапи; одлучи, избере решение. Тој реши да отпатува во Америка. Таа реши да се мажи. Тие решија да се преселат.

2. Донесе решение за некој судски или за административен предмет. Судот позитивно го реши неговото барање. Комисијата реши да додели две први награди.

3. (мат.) Со математички операции дојде до точен резултат, најде правилно решение. Сите ученици ги решија поставените задачи. Реши равенка со две непознати.

4. Даде правилен одговор, одгатне, успее целосно да разреши (загатка, крстозборка, ребус, тест, квиз и сл.). Тој веднаш го реши ребусот. За неколку минити ја реши крстозборката.

5. Определи исход на нешто, пресуди, овозможи со својата активност да се заврши нешто позитивно. Со тој потег шахистот ја реши партијата. Тие го решија водоснабдувањето на населбата. Мировниот договор ги реши крвопролевањата.

6. (прен.) Успее да се расправи, да надмине некого, да го победи во нешто или да го уништи. Таа ќе го реши него.

Коњугација: решат.

Изведени зборови:

  • решавање, глаг. им. ср.
  • (се) решава, глаг. несв. (се) решаваат
  • се ~ реши, Се одлучи, донесе некакво решение, се определи како да постапи, што да стори. Таа се реши на тој смел чекор. Вработените се решија да штрајкуваат.

Оригинални податоци:

реши, решат св. 1. Обмисли, донесе решение откако размисли како да постапи; одлучи, избере решение. Тој реши да отпатува во Америка. Таа реши да се мажи. Тие решија да се преселат. 2. Донесе решение за некој судски или за административен предмет. Судот позитивно го реши неговото барање. Комисијата реши да додели две први награди. 3. (мат.) Со математички операции дојде до точен резултат, најде правилно решение. Сите ученици ги решија поставените задачи. Реши равенка со две непознати. 4. Даде правилен одговор, одгатне, успее целосно да разреши (загатка, крстозборка, ребус, тест, квиз и сл.). Тој веднаш го реши ребусот. За неколку минити ја реши крстозборката. 5. Определи исход на нешто, пресуди, овозможи со својата активност да се заврши нешто позитивно. Со тој потег шахистот ја реши партијата. Тие го решија водоснабдувањето на населбата. Мировниот договор ги реши крвопролевањата. 6. (прен.) Успее да се расправи, да надмине некого, да го победи во нешто или да го уништи. Таа ќе го реши него. ● се ~ Се одлучи, донесе некакво решение, се определи како да постапи, што да стори. Таа се реши на тој смел чекор. Вработените се решија да штрајкуваат. ‖ (се) решава, (се) решаваат несв. ‖ глаг. им. решавање ср.