решителен

Придавка

Значење на решителен:

1. Што е непоколеблив, одлучен, решен, храбар, цврст во намерите (во решенијата) да изврши некое дејство. Решително момче. Решителна екипа.

2. Што е енергичен, категоричен, безусловен, што не прифаќа и не дозволува приговор. Решителен тон. Решителен поглед. Решителен глас. Решителни одговори.

3. Што е најважен, клучен, што овозможува пресврт или сигурност во текот на настаните, решавачки. Решителен момент од натпреварот. Решителен чекор. Решителна битка.

Членувана форма: решителниот.

Изведени зборови:

  • решително, прил. Одлучно, цврсто, непоколебливо. Работи решително. Дејствува решително. Решително се спротивстави. Се изјаснија решително.
  • решителност, и. ж.

Оригинални податоци:

решителен, решителниот прид. 1. Што е непоколеблив, одлучен, решен, храбар, цврст во намерите (во решенијата) да изврши некое дејство. Решително момче. Решителна екипа. 2. Што е енергичен, категоричен, безусловен, што не прифаќа и не дозволува приговор. Решителен тон. Решителен поглед. Решителен глас. Решителни одговори. 3. Што е најважен, клучен, што овозможува пресврт или сигурност во текот на настаните, решавачки. Решителен момент од натпреварот. Решителен чекор. Решителна битка. ‖ решително прил. Одлучно, цврсто, непоколебливо. Работи решително. Дејствува решително. Решително се спротивстави. Се изјаснија решително. ‖ решителност ж.