ресор

Именка, машки род

Значење на ресор:

Дејност на државна извршна власт во определена област (економија, земјоделство, финансии, култура, образование и др.) раководена од министер; министерство. Тој го води ресорот за внатрешни работи. Во неговиот ресор е редовноста на вработените. Подготвувањето на прослававата е во негов ресор. Дејност без ресор.

Множина: ресори.

Изведени зборови:

  • ресорски, прид. ресорскиот Ресорска одговорност. Ресорски план. Ресорски додаток.

Фразеолошки израз / поговорка:

Министер без ресор ‒ министер што нема определен ресор, министер без портфељ.

Оригинални податоци:

ресор, мн. ресори м. Дејност на државна извршна власт во определена област (економија, земјоделство, финансии, култура, образование и др.) раководена од министер; министерство. Тој го води ресорот за внатрешни работи. Во неговиот ресор е редовноста на вработените. Подготвувањето на прослававата е во негов ресор. Дејност без ресор. ◊ Министер без ресор ‒ министер што нема определен ресор, министер без портфељ. ‖ ресорски, ресорскиот прид. Ресорска одговорност. Ресорски план. Ресорски додаток.