ретчи

Глагол, несвршен

Значење на ретчи:

Прави да стане ретко, изретчува, проретчува. Тој ги ретчеше цвеќињата во градината.

Коњугација: ретчат.

Изведени зборови:

  • ретчење, глаг. им. ср.
  • се ~ ретчи, 1. Станува сè поретко, се намалува по број. Луѓето се ретчеа. Косата ми се ретчи. Деновите му се ретчат. 2. За магла, облаци и сл. ‒ се разведрува, се изретчува, се проретчува. Маглата се ретчеше. Темнината се ретчеше и полека се разденуваше.

Оригинални податоци:

ретчи, ретчат несв. Прави да стане ретко, изретчува, проретчува. Тој ги ретчеше цвеќињата во градината. ● се ~ 1. Станува сè поретко, се намалува по број. Луѓето се ретчеа. Косата ми се ретчи. Деновите му се ретчат. 2. За магла, облаци и сл. ‒ се разведрува, се изретчува, се проретчува. Маглата се ретчеше. Темнината се ретчеше и полека се разденуваше. ‖ глаг. им. ретчење ср.