реванш

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на реванш:

1. Победа по претрпен пораз, одмазда (во војна, во игра). Победата беше реванш за минатонеделниот натпревар.

2. Повторна борба, натпревар како можност на победениот да возврати за неуспехот. Реваншот ќе се игра за еден месец. Тие не добија можност за реванш.

3. (прен.) Оддолжување за некаква услуга, противуслуга. За ова што го стори за мене ѝ должам реванш.

Оригинални податоци:

реванш (само едн.) м. 1. Победа по претрпен пораз, одмазда (во војна, во игра). Победата беше реванш за минатонеделниот натпревар. 2. Повторна борба, натпревар како можност на победениот да возврати за неуспехот. Реваншот ќе се игра за еден месец. Тие не добија можност за реванш. 3. (прен.) Оддолжување за некаква услуга, противуслуга. За ова што го стори за мене ѝ должам реванш.