ревидира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на ревидира:

Подложи, подложува, предложи, предлага нешто на ревизија, на преиспитување; преиспита, преиспитува нешто; изврши, врши ревизија. Тој ги ревидира сопствените ставови под влијание на професорот. Комисијата го ревидираше Законот за високо образование.

Коњугација: ревидираат , ревидирајќи.

Изведени зборови:

  • ревидирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

ревидира, ревидираат; ревидирајќи св. и несв. Подложи, подложува, предложи, предлага нешто на ревизија, на преиспитување; преиспита, преиспитува нешто; изврши, врши ревизија. Тој ги ревидира сопствените ставови под влијание на професорот. Комисијата го ревидираше Законот за високо образование. ‖ глаг. им. ревидирање ср.