револуција

Именка, женски род

Значење на револуција:

1. Целосна, коренита, длабока промена во општествените и во економските односи изведена со насилни средства, која се јавува како резултат на претходни дејства, несогласувања, незадоволство и сл. Социјалистичка револуција. Перманентна револуција. Пролетерска револуција. Секоја еволуција настанува со револуција.

2. (прен.) Коренити, брзи и ненадејни, целосно длабоки промени, пресврт во некаква дејност, област во животот и во работата. Неговите слики претставуваат револуција во уметноста. Револуција во книжевноста. Револуција во производството.

Множина: револуции.

Изведени зборови:

  • револуциски, прид. револуцискиот Револуциски промени. Револуциски прогрес.

Оригинални податоци:

револуција, мн. револуции ж. 1. Целосна, коренита, длабока промена во општествените и во економските односи изведена со насилни средства, која се јавува како резултат на претходни дејства, несогласувања, незадоволство и сл. Социјалистичка револуција. Перманентна револуција. Пролетерска револуција. Секоја еволуција настанува со револуција. 2. (прен.) Коренити, брзи и ненадејни, целосно длабоки промени, пресврт во некаква дејност, област во животот и во работата. Неговите слики претставуваат револуција во уметноста. Револуција во книжевноста. Револуција во производството. ‖ револуциски, револуцискиот прид. Револуциски промени. Револуциски прогрес.