револуционер

Именка, машки род

Значење на револуционер:

1. Тој што учествува во револуција. Славни македонски револуционери. Подвиг на револуционерот Гоце Делчев. Млади и стари револуционери.

2. (прен.) Тој што прави некаков пресврт, што внесува голема промена во некоја дејност (наука, уметност и др.). Тој е револуционер во областа на алтернативната медицина. Револуционер во сликарството.

Множина: револуционери.

Изведени зборови:

  • револуционерка, и. ж.
  • револуционерски, прид. револуционерскиот Револуционерска активност.

Оригинални податоци:

револуционер, мн. револуционери м. 1. Тој што учествува во револуција. Славни македонски револуционери. Подвиг на револуционерот Гоце Делчев. Млади и стари револуционери. 2. (прен.) Тој што прави некаков пресврт, што внесува голема промена во некоја дејност (наука, уметност и др.). Тој е револуционер во областа на алтернативната медицина. Револуционер во сликарството. ‖ револуционерка, мн. револуционерки ж. ‖ револуционерски, револуционерскиот прид. Револуционерска активност.