револуционизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на револуционизира:

1. Рашири, шири идеи на револуцијата. Тие ја револуционизираа младината.

2. Внесе, внесува новини, револуција во некоја дејност. Тој го револуционизира производството на храна.

Коњугација: револуционизираат , револуционизирајќи.

Изведени зборови:

  • револуционизирање, глаг. им. ср.
  • се ~ револуционизира, Се рашири, се шири; се проникне, се проникнува со идеи на револуцијата. Занаетчиите сè повеќе се револуционизираа.

Оригинални податоци:

револуционизира, револуционизираат; револуционизирајќи св. и несв. 1. Рашири, шири идеи на револуцијата. Тие ја револуционизираа младината. 2. Внесе, внесува новини, револуција во некоја дејност. Тој го револуционизира производството на храна. ● се ~ Се рашири, се шири; се проникне, се проникнува со идеи на револуцијата. Занаетчиите сè повеќе се револуционизираа. ‖ глаг. им. револуционизирање ср.