револвер

Именка, машки род

Значење на револвер:

Лесно, рачно, огнострелно оружје со повеќе куршуми што се ставаат во барабан и што има можност за повеќе истрели, еден вид пиштол со продолжена цевка. Долг револвер со рачка од слонова коска. Голем позлатен револвер. Стар револвер.

Множина: револвери.

Изведени зборови:

  • револверски, прид. револверскиот Револверска футрола. Револверски истрел.

Оригинални податоци:

револвер, мн. револвери м. Лесно, рачно, огнострелно оружје со повеќе куршуми што се ставаат во барабан и што има можност за повеќе истрели, еден вид пиштол со продолжена цевка. Долг револвер со рачка од слонова коска. Голем позлатен револвер. Стар револвер. ‖ револверски, револверскиот прид. Револверска футрола. Револверски истрел.