резерва

Именка, женски род

Значење на резерва:

1. Складирани продукти или други стоки оставени за да бидат употребени во случај на потреба; обично Резервите од шеќер се намалија. Резерви од масло. Материјални резерви. Резерви од жито.

2. Дел од група, екипа, тим или слично здружување, определен број лица оставени на располагање во случај на потреба да се вклучат во активностите на групата. Веќе два натпревари тренерот го чува во резерва. Дел од лекарите беа во резерва ако се појави епидемија.

3. (воен.) Состав на воени обврзници што имаат определени задачи, но се повикуваат во случај на потреба. Нивниот вод беше префрлен во резерва.

4. (прен.) Внимание, воздржаност, претпазливост кон некого или кон нешто. Таа гледа со резерва на секој негов потег. Има резерва кон веродостојноста на вестите. Кон соседите гледа со резерва. Нејзиното мислење го прими со резерва.

Множина: резерви.

Фразеолошки израз / поговорка:

Златна резерва ‒ скриен дел од нешто што се чува за итни потреби. Железна резерва ‒ определен број книги од тиражот што не се издаваат и не се продаваат.

Оригинални податоци:

резерва, мн. резерви ж. 1. Складирани продукти или други стоки оставени за да бидат употребени во случај на потреба; обично мн. Резервите од шеќер се намалија. Резерви од масло. Материјални резерви. Резерви од жито. 2. Дел од група, екипа, тим или слично здружување, определен број лица оставени на располагање во случај на потреба да се вклучат во активностите на групата. Веќе два натпревари тренерот го чува во резерва. Дел од лекарите беа во резерва ако се појави епидемија. 3. (воен.) Состав на воени обврзници што имаат определени задачи, но се повикуваат во случај на потреба. Нивниот вод беше префрлен во резерва. 4. (прен.) Внимание, воздржаност, претпазливост кон некого или кон нешто. Таа гледа со резерва на секој негов потег. Има резерва кон веродостојноста на вестите. Кон соседите гледа со резерва. Нејзиното мислење го прими со резерва. ◊ Златна резерва ‒ скриен дел од нешто што се чува за итни потреби. Железна резерва ‒ определен број книги од тиражот што не се издаваат и не се продаваат.