резервен

Придавка

Значење на резервен:

1. Помошен, што се чува како резерва и се употребува само во случај на неопходност. Резервен фонд. Резервна гума. Резервни чорапи. Резервно палто. Резервно пакување шеќер.

2. Што се наоѓа во резерва. Резервен вод. Резервна воена единица. Резервен офицер. Резервен играч.

Членувана форма: резервниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Резервна клупа ‒ место каде што се сместени резервните спортисти.

Оригинални податоци:

резервен, резервниот прид. 1. Помошен, што се чува како резерва и се употребува само во случај на неопходност. Резервен фонд. Резервна гума. Резервни чорапи. Резервно палто. Резервно пакување шеќер. 2. Што се наоѓа во резерва. Резервен вод. Резервна воена единица. Резервен офицер. Резервен играч. ◊ Резервна клупа ‒ место каде што се сместени резервните спортисти.