режија

Именка, женски род

Значење на режија:

1. Сите дејства врзани со поставување и со реализација на некоја драмска, филмска, телевизиска, театарска сцена до нејзиното остварување во сценски чин. Многу добра и скапа режија. Според режијата се предвидени голем број статисти.

2. Дејност, сценско остварување на режисер. Режијата е на познатиот актер. Неговата режија се покажа успешна.

3. Трошоци за техничко одржување на станбен или на деловен објект (огрев, струја, вода и др.). Задолжително треба да се одвојат средства за режија на вработените.

4. (прен.) Обмислено дејствување за да се постигне нешто. Тој настан и нашите кавги се во нејзина режија.

Множина: режии.

Оригинални податоци:

режија, мн. режии ж. 1. Сите дејства врзани со поставување и со реализација на некоја драмска, филмска, телевизиска, театарска сцена до нејзиното остварување во сценски чин. Многу добра и скапа режија. Според режијата се предвидени голем број статисти. 2. Дејност, сценско остварување на режисер. Режијата е на познатиот актер. Неговата режија се покажа успешна. 3. Трошоци за техничко одржување на станбен или на деловен објект (огрев, струја, вода и др.). Задолжително треба да се одвојат средства за режија на вработените. 4. (прен.) Обмислено дејствување за да се постигне нешто. Тој настан и нашите кавги се во нејзина режија.