режим

Именка, машки род

Значење на режим:

1. Начин на владеење и систем на државно уредување. Народен режим. Капиталистички режим. Демократски режим.

2. а) Строго, точно определен начин на живот (исхрана, работа, одмор и сл.). Тој се придржува на овој режим со утринска гимнастика. Посебен режим на работа. б) (мед.) Хигиенски начин на живот, диета. Лекарот му постави специјален режим на исхрана.

3. Систем од правила и мерки за вршење некоја дејност. Студиски режим. Режимот на студиите според Болоња.

4. Промени на количеството вода во еден природен водотек или промена на количеството на течност во некој воден резервоар (природен, вештачки); просечен, годишен водостој. Воден режим.

5. (разг.) Лошо, грубо однесување. Во куќата има неподнослив режим. Режимот на мајка му никој не го трпи.

Множина: режими.

Оригинални податоци:

режим, мн. режими м. 1. Начин на владеење и систем на државно уредување. Народен режим. Капиталистички режим. Демократски режим. 2. а) Строго, точно определен начин на живот (исхрана, работа, одмор и сл.). Тој се придржува на овој режим со утринска гимнастика. Посебен режим на работа. б) (мед.) Хигиенски начин на живот, диета. Лекарот му постави специјален режим на исхрана. 3. Систем од правила и мерки за вршење некоја дејност. Студиски режим. Режимот на студиите според Болоња. 4. Промени на количеството вода во еден природен водотек или промена на количеството на течност во некој воден резервоар (природен, вештачки); просечен, годишен водостој. Воден режим. 5. (разг.) Лошо, грубо однесување. Во куќата има неподнослив режим. Режимот на мајка му никој не го трпи.