режира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на режира:

1. Изврши, врши работа на режисер. Тој ја режираше оваа драма.

2. (прен.) а) Уреди, уредува, организира нешто, подготви, подготвува некаков настан. Таа ги режираше овие настани во куќата. б) (пејор.) Намести, мести нешто против некого. Тој им режираше вакво непријатно изненадување.

Коњугација: режираат , режирајќи.

Изведени зборови:

  • режирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

режира, режираат; режирајќи св. и несв. 1. Изврши, врши работа на режисер. Тој ја режираше оваа драма. 2. (прен.) а) Уреди, уредува, организира нешто, подготви, подготвува некаков настан. Таа ги режираше овие настани во куќата. б) (пејор.) Намести, мести нешто против некого. Тој им режираше вакво непријатно изненадување. ‖ глаг. им. режирање ср