'рѓа

Именка, женски род

Значење на 'рѓа:

1. Слој од црвеникав оксид врз некои метали што се јавува како резултат на оксидација. Железото фатило 'рѓа. Траги од 'рѓа се гледаа на споменикот. На металната плоча се појавиле 'рѓи. Железна 'рѓа. Бакарна 'рѓа.

2. Болест кај растенијата што се јавува со губење на пигментацијата на лисјата; Puccinia. На младите пораснати ливчиња се појавила 'рѓа. Насадите фатиле 'рѓа. Црна 'рѓа на житата.

3. Неуреден, несмасен, неодговорен човек. Тој е 'рѓа невидена. Такви 'рѓи како нив не треба да се носат дома.

4. Валканица, нечистотија. На вратот фатил 'рѓа. Ракавите на кошулата беа со 'рѓа.

Множина: 'рѓи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Фалбата е 'рѓа ‒ оној што се фали самиот си ја намалува вредноста. Чисто злато 'рѓа не фаќа ‒ вистинската вредност со ништо не се намалува. 'Рѓа му фатила пушката ‒ одамна не војувал, не е активен. 'Рѓа ми фати грлото (ирон.) ‒ ожедне, обично за жесток пијалак.

Оригинални податоци:

'рѓа, мн. 'рѓи ж. 1. Слој од црвеникав оксид врз некои метали што се јавува како резултат на оксидација. Железото фатило 'рѓа. Траги од 'рѓа се гледаа на споменикот. На металната плоча се појавиле 'рѓи. Железна 'рѓа. Бакарна 'рѓа. 2. Болест кај растенијата што се јавува со губење на пигментацијата на лисјата; Puccinia. На младите пораснати ливчиња се појавила 'рѓа. Насадите фатиле 'рѓа. Црна 'рѓа на житата. 3. Неуреден, несмасен, неодговорен човек. Тој е 'рѓа невидена. Такви 'рѓи како нив не треба да се носат дома. 4. Валканица, нечистотија. На вратот фатил 'рѓа. Ракавите на кошулата беа со 'рѓа. ◊ Фалбата е 'рѓа ‒ оној што се фали самиот си ја намалува вредноста. Чисто злато 'рѓа не фаќа ‒ вистинската вредност со ништо не се намалува. 'Рѓа му фатила пушката ‒ одамна не војувал, не е активен. 'Рѓа ми фати грлото (ирон.) ‒ ожедне, обично за жесток пијалак.