риба

Именка, женски род

Значење на риба:

1. (зоол.) 'Рбетник што живее во вода, дише на жабри и се движи со перки. Свежа риба. Пржена риба. Дневен улов на риба. Лови риба. Морска риба. Речна риба.

2. (прен., жарг.) Убава жена, девојка.

3. а) (само во множина) Соѕвездие со издолжен облик, со осумдесетина видливи ѕвезди. б) Зодијачки знак, од 20 февруари до 21 март.

Множина: риби.

Изведени зборови:

  • рибенце, и. ж. (само едн.), рибиче (само едн.), рипче, мн. рипчиња ср., рибица, мн. рибици, рибичка, мн. рибички, рипка, мн. рипки дем. и хип.; рибиште, мн. рибишта ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дива риба ‒ риба со многу коски. Чиста риба ‒ назив за пастрмката, риба со чисто месо, без многу коски. Се чувствува како риба во вода ‒ се чувствува во својот елемент како рибата во својата природна средина. Се чувствува како риба на суво ‒ се чувствува неудобно. Нем како риба ‒ во дадена ситуација некој пред некого молчи. Ни риба ни девојка ‒ нешто неодредено. Ни рак ни риба ‒ нешто неодредено. Ситна риба ‒ безначаен човек. Кога ќе засвири риба летница ‒ никогаш. Рибата смрди од главата ‒ в. глава. Фаќа риби во матно ‒ на нечесен начин ја постигнува својата цел. Голема (крупна) риба ‒ моќен човек. Големите риби ги јадат малите ‒ посилниот секогаш го победува послабиот. Неќе мачка риба ‒ кога некој се прави дека нешто не сака, а всушност многу го посакува. Прета како риба на суво ‒ се буни, негодува, но ништо не може да направи. Рибата во вода, тавата на оган ‒ се вели кога некој неподготвен се спрема да прави нешто.

Оригинални податоци:

риба, мн. риби ж. 1. (зоол.) 'Рбетник што живее во вода, дише на жабри и се движи со перки. Свежа риба. Пржена риба. Дневен улов на риба. Лови риба. Морска риба. Речна риба. 2. (прен., жарг.) Убава жена, девојка. 3. а) само во мн. Соѕвездие со издолжен облик, со осумдесетина видливи ѕвезди. б) Зодијачки знак, од 20 февруари до 21 март. ◊ Дива риба ‒ риба со многу коски. Чиста риба ‒ назив за пастрмката, риба со чисто месо, без многу коски. Се чувствува како риба во вода ‒ се чувствува во својот елемент како рибата во својата природна средина. Се чувствува како риба на суво ‒ се чувствува неудобно. Нем како риба ‒ во дадена ситуација некој пред некого молчи. Ни риба ни девојка ‒ нешто неодредено. Ни рак ни риба ‒ нешто неодредено. Ситна риба ‒ безначаен човек. Кога ќе засвири риба летница ‒ никогаш. Рибата смрди од главата ‒ в. глава. Фаќа риби во матно ‒ на нечесен начин ја постигнува својата цел. Голема (крупна) риба ‒ моќен човек. Големите риби ги јадат малите ‒ посилниот секогаш го победува послабиот. Неќе мачка риба ‒ кога некој се прави дека нешто не сака, а всушност многу го посакува. Прета како риба на суво ‒ се буни, негодува, но ништо не може да направи. Рибата во вода, тавата на оган ‒ се вели кога некој неподготвен се спрема да прави нешто. ‖ рибенце (само едн.), рибиче (само едн.), рипче, мн. рипчиња ср., рибица, мн. рибици, рибичка, мн. рибички, рипка, мн. рипки ж. дем. и хип.; рибиште, мн. рибишта ср. аугм.