рид

Именка, машки род

Значење на рид:

Возвишение на земјата, височина, брдо. Пошумен рид. Се искачивме горе по ридот, дури до врвот. Слегува од ридот да ги пречека. Зад ридот на исток се појави сонцето.

Множина: рида, ридишта, ридје, ридови.

Изведени зборови:

  • ридски, прид. ридскиот Ридска трка. Ридски топови. Ридско коњче.
  • ритче, и. ср. мн. ритчиња дем.; ридиште, мн. ридишта аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Префрла некого од рид на брег ‒ мами.

Оригинални податоци:

рид, мн. ридови, избр. мн. рида, зб. мн. ридишта, ридје м. Возвишение на земјата, височина, брдо. Пошумен рид. Се искачивме горе по ридот, дури до врвот. Слегува од ридот да ги пречека. Зад ридот на исток се појави сонцето. ◊ Префрла некого од рид на брег ‒ мами. ‖ ритче, мн. ритчиња ср. дем.; ридиште, мн. ридишта ср. аугм. ‖ ридски, ридскиот прид. Ридска трка. Ридски топови. Ридско коњче.