рика

Глагол, несвршен

Значење на рика:

1. За животно ‒ испушта специфичен глас, рикање. Во ливадата рикаше магарето. Во циркусот одвреме-навреме рикаше лавот.

2. (прен., разг.) За човек ‒ плаче многу гласно. Детето рикаше на цел глас. Толку ја болеше забот, што рикаше гласно.

3. Издава силен глас, крик, сличен на рикање. Под мостот рика страшен порој. Северецот рика во оџаците.

Коњугација: рикаат.

Изведени зборови:

  • рикање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

рика, рикаат несв. 1. За животно ‒ испушта специфичен глас, рикање. Во ливадата рикаше магарето. Во циркусот одвреме-навреме рикаше лавот. 2. (прен., разг.) За човек ‒ плаче многу гласно. Детето рикаше на цел глас. Толку ја болеше забот, што рикаше гласно. 3. Издава силен глас, крик, сличен на рикање. Под мостот рика страшен порој. Северецот рика во оџаците. ‖ глаг. им. рикање ср.