рипне

Глагол, свршен

Значење на рипне:

1. Направи скок. Момчето рипна преку прозорецот и влезе во собата. Тој рипна преку подѕидокот и се најде во нечиј двор. Срната рипна преку потокот и се изгуби меѓу дрвјата.

2. (прен.) Стане нагло. Кога заѕвони ѕвончето, таа рипна од столот и ја отвори вратата. Кога влезе директорот, сите рипнаа на нозе. Тој рипна и ја зеде пушката.

3. (прен.) Се зголеми, се измени нагло, во голема мера. Одеднаш температурата рипна на 400 С.

4. (прен.) Се нафрли. Крадците одеднаш рипнаа на старецот.

Коњугација: (ќе) рипнеа , (ќе) рипнев , (ќе) рипнел, рипнаа , рипнав , рипнал , рипнат , рипнат , рипнете , рипни .

Изведени зборови:

  • рипнува, глаг. несв. рипнуваат
  • рипнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

рипне, рипнат; рипни, рипнете; рипнав, рипнаа; рипнал; рипнат; (ќе) рипнев, (ќе) рипнеа; (ќе) рипнел св. 1. Направи скок. Момчето рипна преку прозорецот и влезе во собата. Тој рипна преку подѕидокот и се најде во нечиј двор. Срната рипна преку потокот и се изгуби меѓу дрвјата. 2. (прен.) Стане нагло. Кога заѕвони ѕвончето, таа рипна од столот и ја отвори вратата. Кога влезе директорот, сите рипнаа на нозе. Тој рипна и ја зеде пушката. 3. (прен.) Се зголеми, се измени нагло, во голема мера. Одеднаш температурата рипна на 400 С. 4. (прен.) Се нафрли. Крадците одеднаш рипнаа на старецот. ‖ рипнува, рипнуваат несв. ‖ глаг. им. рипнување ср.