ритам

Именка, машки род

Значење на ритам:

Рамномерно повторување на звуци, тонови, движења и сл., во определени временски интервали (во природата, во телото на човек или животно, во сите облици на човековото творење); тек, брзина на одвивање на некое дејство и на неговите промени. Игри со брз ритам. Ритам на денот. Ритам на срцето. Во ритамот на валцерот се вртеа сите на подиумот. Ритам на животот. Воедначен ритам.

Множина: ритми.

Членувана форма: ритамот.

Изведени зборови:

  • ритамски, прид. ритамскиот

Оригинални податоци:

ритам, ритамот, мн. ритми м. Рамномерно повторување на звуци, тонови, движења и сл., во определени временски интервали (во природата, во телото на човек или животно, во сите облици на човековото творење); тек, брзина на одвивање на некое дејство и на неговите промени. Игри со брз ритам. Ритам на денот. Ритам на срцето. Во ритамот на валцерот се вртеа сите на подиумот. Ритам на животот. Воедначен ритам. ‖ ритамски, ритамскиот прид.