роб

Именка, среден род

Значење на роб:

1. (истор.) Неслободен човек, припадник на експлоатираната класа во робовладетелското општество ‒ човек кој е лишен од средствата за производство и кој се јавува како сопственост на својот господар. Робови станувале воени заробеници, граѓани од освоените земји и презадолжени граѓани. Востание на робовите. Три синџири робје. Пазариште на робови.

2. (прен.) Човек или народ што е политички и економски зависен. Беше роб по туѓи имоти, во туѓи земји. Тие беа робови на агата, измеќари.

3. (прен.) Човек што е под власта на друг човек; покорен човек што работи без поговор. Роб ќе ти бидам, само направи ми го тоа добро. Тие биле робови на својот господар. Му служеше како роб.

4. Човек лишен од слобода, затвореник. Беше роб по непријателските затвори.

5. Човек што ја потчинил на нешто својата волја; човек безгранично предаден на нешто. Роб на алкохолот. Роб на своите страсти. Роб на убавото. Роб на уметноста. Роб на своите илузии.

Множина: роба, робје, робови.

Изведени зборови:

  • робовски, прид. робовскиот
  • ропче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бели робје ‒ жени што со откуп или со измама се одведени во харем или во јавна куќа.

Оригинални податоци:

роб, мн. робови, избр. мн. роба, зб. мн. робје ср. 1. (истор.) Неслободен човек, припадник на експлоатираната класа во робовладетелското општество ‒ човек кој е лишен од средствата за производство и кој се јавува како сопственост на својот господар. Робови станувале воени заробеници, граѓани од освоените земји и презадолжени граѓани. Востание на робовите. Три синџири робје. Пазариште на робови. 2. (прен.) Човек или народ што е политички и економски зависен. Беше роб по туѓи имоти, во туѓи земји. Тие беа робови на агата, измеќари. 3. (прен.) Човек што е под власта на друг човек; покорен човек што работи без поговор. Роб ќе ти бидам, само направи ми го тоа добро. Тие биле робови на својот господар. Му служеше како роб. 4. Човек лишен од слобода, затвореник. Беше роб по непријателските затвори. 5. Човек што ја потчинил на нешто својата волја; човек безгранично предаден на нешто. Роб на алкохолот. Роб на своите страсти. Роб на убавото. Роб на уметноста. Роб на своите илузии. ◊ Бели робје ‒ жени што со откуп или со измама се одведени во харем или во јавна куќа. ‖ робовски, робовскиот прид. ‖ ропче, мн. ропчиња ср. дем. и хип.