робува

Глагол, несвршен

Значење на робува:

1. Издржува казна робија. Тој робуваше многу години во Анадолија. Војводата робуваше со години во фашистичките затвори.

2. Е роб, живее како роб, во ропство. Тој робувал кај повеќе господари. Нашиот народ робувал пет века под Турската Империја. Тие робуваа на плантажите со памук.

3. (прен.) Се потчинува, сосема се предава некому или на нешто, работи како роб. Таа му робуваше на своето семејство. Младиот човек робува на повеќе пороци: цигари, алкохол, страст, пари.

Коњугација: робуваат.

Изведени зборови:

  • робување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

робува, робуваат несв. 1. Издржува казна робија. Тој робуваше многу години во Анадолија. Војводата робуваше со години во фашистичките затвори. 2. Е роб, живее како роб, во ропство. Тој робувал кај повеќе господари. Нашиот народ робувал пет века под Турската Империја. Тие робуваа на плантажите со памук. 3. (прен.) Се потчинува, сосема се предава некому или на нешто, работи како роб. Таа му робуваше на своето семејство. Младиот човек робува на повеќе пороци: цигари, алкохол, страст, пари. ‖ глаг. им. робување ср.