род

Именка, машки род

Значење на род:

1. (истор.) Општествена група во првобитното општество, составена од роднини кои потекнуваат од ист, заеднички предок. Родот е основна клетка во првобитното општество.

2. Ред поколенија што потекнуваат од еден предок, поколение. Нашиот род се одржал низ вековите.

3. Лица блиски по крвно сродство, роднини. Ние сме род по машка линија. Ние сме близок род, од два брата деца.

4. Производ на растенијата што се раѓа од оплодениот цвет, под земја или на друг начин; плод. Јаболкницата род родила, три јаболка позлатени. Црешата се истури од род. Родот на пченицата е над очекуваното.

5. При научна класификација ‒ група животни или растенија со општи заеднички признаци.

6. Група предмети, појави, поими и сл. со општи белези. Кој род служеше во војска?

7. (лит.) Една од трите класификациски групи што се добиваат со основната поделба на литературата според суштински обележја на литературните дела (лирски, епски, драмски род).

8. а) Пол на луѓе и на животни. Припадниците на машкиот род. б) (грам.) Една од основните граматички категории во чија основа лежи поделбата по пол на луѓето и на животните, а што се изразува со формални обележја, главно, на именките и на придавките (машки, женски, среден род).

Множина: родови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зет рода, магаре стока ли е? ‒ зет не е крвно сродство. Род по крв ‒ крвно сродство.

Оригинални податоци:

род, мн. родови м. 1. (истор.) Општествена група во првобитното општество, составена од роднини кои потекнуваат од ист, заеднички предок. Родот е основна клетка во првобитното општество. 2. Ред поколенија што потекнуваат од еден предок, поколение. Нашиот род се одржал низ вековите. 3. Лица блиски по крвно сродство, роднини. Ние сме род по машка линија. Ние сме близок род, од два брата деца. 4. Производ на растенијата што се раѓа од оплодениот цвет, под земја или на друг начин; плод. Јаболкницата род родила, три јаболка позлатени. Црешата се истури од род. Родот на пченицата е над очекуваното. 5. При научна класификација ‒ група животни или растенија со општи заеднички признаци. 6. Група предмети, појави, поими и сл. со општи белези. Кој род служеше во војска? 7. (лит.) Една од трите класификациски групи што се добиваат со основната поделба на литературата според суштински обележја на литературните дела (лирски, епски, драмски род). 8. а) Пол на луѓе и на животни. Припадниците на машкиот род. б) (грам.) Една од основните граматички категории во чија основа лежи поделбата по пол на луѓето и на животните, а што се изразува со формални обележја, главно, на именките и на придавките (машки, женски, среден род). ◊ Зет рода, магаре стока ли е? ‒ зет не е крвно сродство. Род по крв ‒ крвно сродство.