роден 1

Придавка

Значење на роден:

1. Глаголска придавка од роди (се). Тој е роден на туѓина. Дете родено на нива.

2. Што е во блиско крвно родство со некого. Родена сестра. Тој ми е роден брат.

3. (прен.) Што има дарба, наклоност кон нешто. Тој е роден музичар. Роден комичар.

Членувана форма: родениот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жив човек од мајка роден ‒ вистински човек, човек на место. Како од мајка роден ‒ гол. Книга на родените ‒ книга за матична евиденција на новородените.

Оригинални податоци:

роден1, родениот прид. 1. Глаг. прид. од роди (се). Тој е роден на туѓина. Дете родено на нива. 2. Што е во блиско крвно родство со некого. Родена сестра. Тој ми е роден брат. 3. (прен.) Што има дарба, наклоност кон нешто. Тој е роден музичар. Роден комичар. ◊ Жив човек од мајка роден ‒ вистински човек, човек на место. Како од мајка роден ‒ гол. Книга на родените ‒ книга за матична евиденција на новородените.